оправдан прид.

оправдан (прид.)

Во истиот период можеше да се забележи засилена употреба на турцизмите во основа од оправданиот и благороден стремеж да се истакнуваат елементите од народниот јазик, особено во стилската интензификација во некои книжевни дела.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако работникот не може да се пронајде на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа [освен во случаите на оправдано отсуство од работа] или нема трајно или времено престојувалиште во РМ или одбие врачување – отказот се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Крајно време е критички да ја преиспитаме оправданоста на догмите на неолибералистичкото 201 едноумие и повеќе да не жртвуваме неброени човечки судбини на апстрактните идеолошки догми.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓутоа, оправдано се поставува прашањето: Дали Гарванов притоа навистина се раководел од интересите на Револуционерната организација или пак тоа го правел од некои поограничени интереси на ЦК, респективно од негови лични?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уште еднаш го замолив да не се сомнева дека сето ова со водоводот е оправдано и благородно, дека јас морам тоа да го сторам со негова поддршка, дека морам да се вратам со ферман в раце, така реков, со ферман.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Траењето на приправничкиот стаж се продолжува и за времето на оправданото отсуство од работа, кое трае подолго од 20 работни денови, освен за времето на годишниот одмор.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оттука, целосно е оправдан работничкиот сомнеж во искрените намери на бирократизираните синдикални раководства, кои облечени во свечени костуми и вратоврски милуваат, особено предизборно, да се фотографираат со владините функционери. 300
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гете воопшто не се почувствувал навреден, дури му рекол дека, иако никој друг не му изрекол таква забелешка, бил согласен со истата и ја сметал за оправдана.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Токму тоа. И во неа е смислата и оправданоста на сите стравови, сомневања, страдања. Среќа и крај во тишината на скротената совест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уметноста денес ја губи и социјалната и когнитивната оправданост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Како да се ловеше: бараше некаква оправданост за да остане во овој град со најтемни и најзли крчми на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поткачен на одарот, Арсо го прилепуваше увото на железото и наежавено ги прислушнуваше плашливите нијанси на човечката онеправданост и мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но нивната уметничка оправданост и тогаш не подлежи на сомневања: развитокот не е мртва, однапред зацртана линија на израснувањето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше ли тоа толку нужно, беше ли оправдано најпосле кога веќе минаа пред жирито?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, тогаш, сето останато е оправдано, бидејќи доволна е само една пасија за да се оправда постоењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако тужениот не поднесе одговор на тужбата во определениот рок, судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање [т.н. пресуда поради неподнесување на одговор на тужба], но само ако бидат исполнети следниве услови: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со 294 општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе