опседне св.

опседне (св.)

Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одзади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа постојано ме опседнува откако ја нема.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Овој феномен опседнува цели краишта на Републикава...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
О изечена безнадежност или нашепната само доба на ветрот тој злочест Воин од Житијата што доаѓа да го опседне нашето спокојство и да ги разбуди сите сенки на плачот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Заради нив отепа едночудо мачки, ласици и змии што му ја опседнуваа куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Знаеш ли што се поткровјата? Тие се временски машини во кои старите отрпнати луѓе како мене можат да патуваат наназад четириесет години, кога сета година беше лето, а децата ги гонеа и опседнуваа сладоледџиите со колички.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така е и со тагата. Тагата можеш да ја почувствуваш само кога ти е блиску до срцето, кога ѝ дозволиш да те опседне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Верувањето дека ја сонувала змијата, а не дека вистински ја видела, целосно почна да ја опседнува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека чекоревме крај кристално чистата река која излегуваше од Езерото, како верно чедо кое го продолжуваше својот пат кон бескрајот, кон морето, во Татковата свест, среќен што Мајка му го спасила ракописот, се всади мислата што постојано ги опседнува емигрантите меѓу заминувањето и враќањето, меѓу заминувањето и останувањето во туѓина. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А Окован настојувам да се движам Не знам зошто утрово одново ме опседнува прашањето за Орфеј и Исус во современата македонска поезија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За разлика од бегството кое, барем физички е оддалечување од несаканото, потерата опседнува со постојаната свест за близината на гонителот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа знае да ме опседнува. Намерно да ме прави љубоморна, станувајќи понекогаш туѓа муза.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Наеднаш ќе ме опседне помислата дека не сум во состојба да ја разлачам лагата од вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога Пек заради нимфоманка ја напушта својата отмена жена, мора да нѐ увери дека е опседнат со неа.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тогаш слушај – мајка ти е таа што те опседнува!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Уште сонцето не искочи од ридот, Толе со дружината ги фати карпите во Мечи Дол и го опседна тесното патче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја опседнуваа кристалните и магнетни крици на Марс и Венера, не штуриот укор на заедничкиот живот - државните, семејните и верски празници.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дел од нив со свежи рани во душите во тајни собири во Цариград палеле свеќи, изговарале христијански молитви, а понекогаш други ќе се најделе кај дервиши, припадници на еретски братства кои ги опседнувале со каузистички толкувања на божјото видение...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе