опусти (св.)
Улицата опусте. Само понекогаш липаше со грозни тонови виолината на писарот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нашиот Кубан и така беше пуст. А со времето уште повеќе ќе опустее. А потоа ќе го затрупа снег“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Градот бргу опусте, исчезна некогашната бела врева.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тогаш по небото вртеле белоглави орли - лешинари и соколи - мршави кои наврапито се спуштале на земјата и се враќале на небото со парчиња стрв во клуновите. - Поради нив, ни опусте небото.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Откако го растргна последното диво јаре на поило, дури отаде планина, се како опусте наоколу. неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага на ниедно животно. млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Селото осиромаши и опусте. Луѓето почнаа да одат на печалба.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Опустува земјата како градите на мајките доилки. Тагуваат детства.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Надрочија устињата на чешмите, опустеа црквите и плитворите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бев сама во Долнец. Се ближеше половината на септември. Наеднаш, сѐ опусте.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Таа, Шава, кога ќе опустела чергата, се слекувала и угул гола се капела во вирот, во најдлабокото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Жена му рече: „Да не имаш некоја мака, Хернандо?“ „Си. Патот. Нешто големо се случило. Мора да е нешто големо штом вака опустел патот.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Како да опусте планината. - Опусте, - рече Бојан. - Се грижеше ли за мене?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)