ордија (ж.)
Еј, жени, женшини, вика еден логораш, а цела ордија луѓе врви преку него, го гази човекот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Право ти е предвидувањето, брат Ѓорче! Ако немаш шубе да навлегуваш во Бахтијаровата ордија, нека биде и така.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И утредента ја тргна ордијата по истите патишта од каде што дојде пред три месеци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој побрза да се стави на чело на својата голема ордија, која се готвеше да ја нападне австриската престолнина Виена.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)