ортома ж.

ортома (ж.)

Наближувам така и гледам дека и луѓето биле врзани со ортома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојди, рамо ослободи од ортомата што те сече, спушти го тоа црно котле, одрами ја торбата и веленцето постели го ширум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ги полни торбите и ги закачува на ортомата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Работа, дома Уморен кома Време е за ортома
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Требаше да ја пресече или ортомата или гранката на која беше обесен Ристе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Кој не слуша ќе го мрси вртомчето или ќе го крка дреновакот — беше неговото разбирање за правосудието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иван ги извлекува торбичињата со ортома и ги испразнува во сандакот. Потоа го покрива со хартија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се качи на самарот, се исправи и, држејќи се во левата рака за ногата на Ристета, со десната го зеде секирчето и замавна по ортомчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
43. НА ОРТОМА ТАА ПРОСО СУШИ - а на телевизорот кога цигара се пуши својот маж со своето сврдле го буши: отвори го прозорецот, овој дим ме гуши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Земјата се сурива, калливите прсти ја гребат, торбичките се полнат и ортомата е пак нишка, оптегната меѓу нив и онаа бела виделина на излезот што единствено потсетува на животот и неговиот ден.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едип слегува во градот, се бави таму со рибарите крај морето и, скриено во пазувата, секој пат донесува по една ортома.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потем заби едно колче над привот ред, над бездната, врза една ортома за колчето и побара од нас да сплетеме кошница во која ќе може да се смести човек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не поминаа ни десетина-петнаесет минути, само што го допиваа шербетот анамите, а кадијата за сето тоа време се шеткаше нервозно низ одајата, вратата се отвори и на неа се појави Ајша со Сефедина, носејќи ја Анѓа на раце изврзана со дебела ортома од градник до глезни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога Сане ќе стане од ковчегот и ќе зачекори низ воздухот, кон своето успение, авторот ќе се запраша: „Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш" — го караа Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жителите во зграда имаат полоши услови за бесење со оглед на тоа што немаат каде да ја врзат ортомата па затоа тие се одлучуваат за некои други методи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нешка ги свитка ортомите на малата маска и ја поведе да ја врзе на јаслите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе