ослаби св.

ослаби (св.)

Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако не може да се добие автономија, треба ли ние рамнодушно да гледаме на работењето на пропагандите и да се бориме со едно ново течење што е насочено само против нив само затоа што тоа течење ќе ја ослабело најсилната пропаганда?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прекумерната употреба предизвикува губење на телесната тежина и ја ослабува имунолошката состојба на корисникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го разгледував скришум и размислував за промената кај него, пораснат ли е или ослабен?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа те подучив да пронајдеш начин како да ја ослабиш сомничавоста, што сите ние ја носиме во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ослабуваше со години нејзината поврзаност со сите нејзини синови и со ќерката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Двојникот ми ја држеше линијата веќе половина час – нагло ослабев.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Лежејќи во водата, Кала ќе ослабеше некое кило но со јадење брзо го надоместуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас пак, за тие дваесет дена, колку што седев во болницата, исто толку кила ослабев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со необичното редење на елементите се негира големата енергија на нивниот традиционален контекст, така што со помош на тие ослабувања уметникот добива слобода во своето оригинално изразување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По малку пукањето стивна. Чадот, што чуреше како оџак нагоре, ослабе и полегна по тревата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Поминале неколку години... Еден ден, кога бродот стигнал на островот Бисерна Школка, по бисери, луѓето на бродот мошне се изненадиле: кај нив дошол еден човек обрастен со долга коса и брада, ослабен, вистински див човек.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сине си ослабел си станал „тенеќе”, внимавај (макар што беше спротивното!) Мајка кога сакаше со малку зборови да ни искаже многу содржини се служеше со познати поговорки, едни народни, други ги составуваше самата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Крвавите траги што секоја ноќ остануваа зад Рада, го ослабеа нејзиното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Шеесет дена и шеесет ноќи траеше тој пат, од тргнувањето до враќањето, и јас ослабев сосем, кожата ми се затегна врз коските од телото, стапалата ми распукаа како калинки и крвавеа кога стигнав во Дамаск, на пазарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И, еве уште што: божем многу ослабел во затворот и прва работа му била да нарача котлети и шише шампањ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе