основец (м.)
Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кико и Лена беа основци, живееја со мајка им и ми доаѓаа еднаш неделно во станот што го добив од службата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)