отпочне (св.)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Вистинското правење црепни отпочнуваше првиот ден по Преображдење.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа, тече рок од 15 дена во кој страните се обидуваат да изнајдат решение по што, ако нема позитивен исход на преговорите, синдикатот или штрајкувачкиот одбор може да донесе одлука за стапување во штрајк, која се должни да ја достават до директорот на јавното претпријатие најмалку 7 дена пред отпочнувањето на штрајкот (чл. 32, ЗЈП).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тогаш отпочна еден бој, во кој многу глави распукаа и целиот снег на брегот на вирот, покрај што беше в час изгазен и со крв се ишара.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само што не сум сигурен дали новата етапа навистина отпочна?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ќе се качеше во камионот од другата страна и тогаш ќе се одвезеа во големиот град по долгите улици сѐ додека не доаѓаа до местото од каде што отпочнуваа со работа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Првиот, од аспект на тоа што во меѓународното трудово право и конвенционалното право на Меѓународната организација на трудот, кај условите за работа постои одредена дихотомија при правното дефинирање, односно под оваа категорија се подразбираат оние нужни претпоставки пред отпочнување на трудово-производствениот однос кај работодавачот (работни простории, машини, алати итн.), додека под работни услови се дефинира поширок обем на екстремно важни трудово-правни институти како што се работното време, одмор или заштитата при работа, како и физичките и ментални аспекти кои ги изискува работното место, па затоа поумесно би било наместо рестриктивната формулација „услови за работа“ во иднина таа да биде заменета со „општи услови за работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Оттогаш, од тоа мачно и зовриено лето, па сѐ до нашиве модерни времиња кога отпочнаа буните и војните и кога се измешаа народите, друга слична историја не се случила во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На знак на Абдурахим Али и при уште посилно трештење на зурлите и тапанот, борбата отпочна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Судот направи пресметка колку ќе чини експертизата и побара од Китан да вложи половина од таа сума на име кауција за да може да отпочне експертизата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Отпочнува, кој знае која по ред, верзија за животната љубов во приказнава на мојот мелодраматичен пријател, кој, гледајќи низ мене, продолжува да рецитира: - Летото ни беше климакс.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Британските воени планери, кои пристапиле кон реализацијата на плановите на политичките планери на Форин офис, уште во средината на 1943 година го отпочнале процесот да пронајдат луѓе кои би биле испратени во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Партијата на Луција реши да ги диференцира младите; бараше да се декларираат, и затоа отпочна широка акција на „анкетирање“ по сите школи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кризата за слатка вода, според тврдењето на бугарските експерти, отпочнува да се чувствува и во Бугарија, моментно не во толку остра форма, но сепак е даден знак за тревога.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Околу неа жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.”
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
23 Непосредно по потпишувањето на примирјето, па дури и пред во Версај да отпочнат преговорите помеѓу Франција и новото германско Царство, пратениците на Алзас и Лорена во Националното собрание во една свечена декларација ја обзнануваат својата верност кон Франција.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)