отскокне св.

отскокне (св.)

И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мојава приказна продолжува на единственото место кое донекаде умееше да отскокнува од правилата на здодевната улица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Човекот без брада отскокна кон своето место.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја турна од себе, таа падна назад, а борината ѝ отскочи настрана и не се угасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа беше бодликав, мал и изворен страв, кој отскокнуваше од страшното отсуство на стравувањето пред почетокот на нашава наративно хаотична приказна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Славчо се наведна да го фати. Зракот се лизна и отскокна подалеку од него.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дебелиот ремен просто отскокна, напнат, а после се вивна во едно бучно кружење, збирајќи ги по своето движење сите други делови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Самоубиство од некој кој насмеано го живееше факултетскиот систем?!“ - се запрашав бојазливо и потоа сфатив дека самоубиството не успевав сликовито да го поврзам со систем: отскокнуваа алки и кукачки кои ме поткачуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Утредента, додека сонцето сѐ уште се готвеше да отскочи на небото и да продолжи да ја пече жетвата, дедо Бошко, онаков сув, висок и подгрбавен, излезе од дома.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ја виде чинијата преполна со храна, што не чинеше само една круна, младичот просто отскокна од својот стол, на кој седнуваше секоја вечер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На исток ѕвездата Деница беше отскочила високо. Ралиците го губеа својот сјај, а Квачката одвај гледаше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Лежејќи замавнав со нога. Отскокна и го бутна триножецот со празен чанак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш кога Билјана ја фрли високо, превисоко, топката удри на асфалтот, но толку силно отскокна та се најде зад оградата, во дворот на новото дете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неговата батериска лампа ги фати и ги проблесна со живот, виножитата отскокнаа одново пополнувајќи ги сенките, со бои на сливи, малини и грозје, со боите на пресечен лимон и небото од кое облаците се одвеани, а синилото одново се враќа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од исток сонцето беше отскокнало еден остен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Црната сенка отскокна врз белиот снег, испуштајќи стравотен рев, па брзо, меткајќи се лево-десно почна да се повлекува назад.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И карпата разбрането се витка под чеканот. Не сеќава ни звук, ни тврдо отскокнување од камен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Вечерва удираме в темел. Наеднаш длетото отскокнува од некаков метален предмет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе