памучен прид.

памучен (прид.)

Тврдењево го потпирам врз основа на сликата што ја видов случајно во предновогодишниот сон, кога случајно од памучниот замок се раскрили брла снежна врата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се затвораа во кошарите и се триеја, откако пред тоа ќе се насапунеа со миско сапунче, првин со суви кочанки, а потоа и со памучни крпи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Окната на прозорците беа чисти, со перденца, од вратата до огништето беше послана черга, врз ковчегот под прозорецот до огништето весело шарена памучна покривка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој стоеше крај дното на каучот, со карирано памучно ќебе префрлено преку неговите рамиња како шал.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето со заклана смеа се само памучни играчки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А зад хризантемите се наѕираше во аголот памучниот палјачо. Беше нем. Тоа беше само игра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби сите деца на светот имаат памучен палјачо на кого во безгрижна игра му истргнале една нога и имаат свое небо и бајки зад тоа небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Убав свети Ѓорѓија, што чудо беше ова? Внатре, со многу дуќани во кои се продаваа памучни ткаенини, коприни и везови, производи на папуџиите и копчарите, чадори, со сокаци убаво калдрмисани, чисти, безистенот личеше на малечок град изделен од секаква нечистотија и човечка несреќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни месинганите тасови во памучните раце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Направената маст ја мачкаше врз чисти памучни крпи во густ слој, но бегот беше тој што ги ставаше врз рамото и вратот на Атиџе, секогаш смислено повторувајќи ги истите допири на ибн Тајко, колку да ја убеди во нивната невиност.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас знам, Марија. Памучниот палјачо скока сега по собата на една нога и удира со двата месингани таса. Танг, танг!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го дишеше растопениот бакар на нејзината коса и мислеше на памучниот палјачо, на неговата осаменост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од сите нив излегуваше густа пареа која, малку по малку, формира облак кој рееше неподвижен, не поместувајќи се ни нагоре ни надолу, а во внатрешноста на тој голем памучен чадор, ние и понатаму продолжувавме да работиме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кети забележа дека Рози не беше облечена во своите панталони, наместо нив беше облечена во син памучен фустан што ѝ ги нагласуваше русата коса и бледилото, како и женственоста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе