папочен (прид.)
Знаеш, миличок, тој не беше од оние посрани интелектуалци Нес Мееш, кои по искуството со болната тупаница, постојано се пипкаат по стомакот да не им се прекине лигавата папочна врска со строгата Мајка Татковина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со заби ја прегриза папочната врвца, со влажна крпа ја изми, се испра сама и дури потоа повика некој да дојди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И да речеш и да не речеш: папочната врвка вистински постоеше сето ова време и севезден беше оптегната како бројаница во семејниот музеј на взаемни нежности и љубови.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Рече дека народната уметност денес треба да биде „планина на народниот дух, папок на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот свој живот.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Меѓу два оброка, гибаница од луѓе (тесто + пот) фатени за раце (папочен синџир на бесконечноста) во масовен оргазам тонат кон вртлогот на вселената.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Народната уметност, таа „планина на народниот дух, папокот на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот живот“ (повторно ја задевав Луција), онаа традиционалната, нема познат автор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Именка загадочна, Лична, ситна и малечка Пупка папочна: Точка.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
А јас ви нудам нешто друго. Ви нудам можност да ја раскинете папочната врска со своето племе и да се издигнете до својот сопствен идентитет.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Именка загадочна, Лична, ситна и малечка Пупка папочна: Точка.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Го мразев целиот свет: сите; и Луција и Земанек, и Фисот, и Партијата; сега конечно се прекина папочната врска меѓу мене и Луција; дури ги мразев и оние што ништо не ми сториле, што беа неутрални, како Земанек; ги мразев затоа што беа неутрални, и со тоа го охрабруваа моето страдање.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)