парадигма ж.

парадигма (ж.)

Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Крајот е последна пречка помеѓу кодифицираната парадигма и безграничното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се тешев со семожни аргументи кои припаѓаа на други времиња и контексти, но не може да се сметаат како дипломатски парадигми!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По ваква парадигма на вистинското пријателство трагав и во моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Невронските мрежи ни овозможуваат поставување технолошка парадигма за начинот на кој функционира мозокот без да создава внатрешен хомункулус.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Уште една парадигма на природниот универзум, на која човекот мораше да се прилагоди, а не успеваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Порано бевме горди на јунаците од илинденско востание и на носителите на партизанска споменица, а денес ќе бидеме горди на скопската шмизла, која стана парадигма на нашето секојдневие.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од деконструктивна перспектива може да ми се случи да кажам глупост или бесмисленост за оваа или онаа научна парадигма или за оваа или онаа поврзаност на некој филозофски систем. За тоа може да се дискутира.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ми беше оставена во некаков семеен аманет на дотолкување татковата потрага по патот на јагулите, како наследена парадигма, со сета реалност и мистичност, небаре во проверба на времето, во кое беше свесен дека нема да стигне.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Рече дека Хироши е чудак, тип кој разбива парадигми, извртува цели полиња на науката, носи насилно преиспитување цело тело на знаењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да се урне или не Картагина! , беше за мене дилемата, парадигмата, која не престануваше да се наложува со својата актуелност, од античките па сѐ до денешните времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На првите им одговара конформистичка парадигма (максимум задоволство а минимум вложена разумска сила), на вторите – реформистичка, макар што и кај нив преовладува мислењето дека уметничкото дело е жив организам кој е во спрега со публиката пренесувајќи ѝ ја пораката што самата сака да ја чуе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Создавањето на модерна Турција по пат на реформите на Ататурк може да се смета за парадигматски случај на граѓански национализам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Можеби излезот е, додаваме, на некоја трета страна, која парадигматично ја сугерираше Адорно: „Осаменоста е единствен начин на кој интелектуалецот може да го зачува своето достоинство“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Книгата на Флобер стана нивна незаобиколна парадигма.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Низ романот дефилира и галерија препознатливи ликови на интелектуалци од Македонија, од двете парадигми (конфесионални), но и галерија ликови од јужнословенските и балканските интелектуални средини, кои на овој или на оној начин учествувале во балканското вавилонско прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во случајот на малите и мултинационални држави, каква што е Македонија, акцентот на националното повеќе би требало да гравитира кон категоријата „Полис“-град, отколку кон племенските парадигми (крв и земја).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ми се наложи картагинската парадигма дека во животот нема ниту победа, ниту пораз, туку само истрајба! ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе