патнички (прид.)
Некои ненапишани песни
извесно време се по патничките торби
на пазар, за да се издвојат симболите од цените
меѓу нераскренатите здолништа
и мирисите кои исчезнуваат
меѓу каишите разлабавени како случајни желби
меѓу знаците за распознавање
заштитени со поединостите од сонот
според ноктите, грбот и забите
според нозете и легенот
го менуваат описот на младоста
и се подготвуваат еден ден
под којзнае кој агол
и облик
да се јават
:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од спротивната страна нѐ пресретнуваат патнички коли и автобуси.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Филмот завршува со слика од неколку патнички коли и автобуси полни со туристи кои го поминуваат мостот кај Кулата и восхитени од убавината на ова божјо катче, се враќаат на југ.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сообраќајот, уличниот сообраќај, она движење што се одвива во Инстанбул со луксузни, патнички или товарни коли е поглавје само за себе, кое овој град го разликува од многу други.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На „Галата Ќупри“ најмногу се чувствува шумот на зазбивтаниот живот на овој град, шумот создаден од безбројните автомобили кои се точат како бескрајна река, шумот од заглушувачките сирени на товарните и патничките бродови, чии пристаништа се сместени под самиот мост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Познатата хемиска индустрија „Баер“, една од четирите производители на полиуретанот со светот, на два патнички брода на Рајна, веднаш до сајмиштето, имаше организирано изложба, која го носеше името „Визиона II“ и на која го имаше презентирано полиуретанот во сета своја функционалност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
САЗДО: (Ослушнува внимателно и го вади џебниот часовник) Еве го патничкиот, точно навреме!
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Млад патник со кожен мал кофер се качил на патничкиот брод Викторија, кој по еден час ќе фатеше правец за Истанбул.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сепак, и покрај ова, како и покрај издадената директорска наредба за моментален и безусловен престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите можни линии – работниците издржаа и го продолжија прекинот на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава – бидејќи тие, буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Не е слепо црево зафрлено на приграничната периферија, туку широко отворена порта и осветлен канал низ кој дење и ноќе се претура синџир од камиони, автобуси, патнички коли, отворена артерија која води кон светот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Возот зад мене збифташе со здив на рането животно, а јас во обете раце држев патнички торби – во една книга, а во другата чиста облека.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Сега Прењес – Перењас, расте во мало, модерно, живо и раздвижено гратче, во попатна станица за стотици камиони, автобуси и патнички коли, место во кое патникот се задржува само толку, колку за да одмори...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во некои проекти тој го поставува прашањето за загрозеноста на другите - пука врз патнички авион, а во еден телевизиски настап во живо на водителот му става нож под грло.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)