пајтон м.
пајтонџија м.

пајтон (м.)

Стар пајтон, кој беше минал многу времиња на градот, со ритмичниот топот на снажниот коњ, минуваше крај нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во куќата си донесов телефон и грамофон со рачка и голем пајтон со кој се возев до Скопје и назад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пајтончето прусаше по патот, потсвирнуваше со гумите на свиоците и поткашлуваше со моторот на угорниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Први низ него се пробиваа старите пајтони донесени уште од почетокот на векот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пајтонот го затскрива за момент стражарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Раскостеното пајтонче ги впрегна сите коњи и со крајни сили ја искачи угорницата, за потоа олеснувачки и продолжително да се испрди на преслапот победоносно влечејќи го откачениот ауспух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Надвор ги чекаа два пајтони за да ги однесат кај газда Ѓорги кој живееше од другата страна на Широк сокак, близу саат кулата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во тој момент од другата страна на улицата се појавува пајтон. Арсо видува две лица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште пајтонџијата не ги беше застанал сосема коњите, пајтонот го заобиколи цел обрач луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почека да мине еден црн пајтон останат уште од османското време и појде кон нашата куќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трговецот се поздрави со мудурот, длабоко се поклони и се качи на пајтонот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Другиот ден утрото Георги Манасов со куфер в раце со пајтон тргнал кон пристаништето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пајтонот стигна пред една жолта зграда на два ката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се вртеше, им даваше знак на пајтоните и камионите кога и каде да минат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ЛУКОВ: Ах, да. Се разбира. За неполн час ќе дојде пајтонот по тебе, а со него и твојот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Низ Битола, пред очите на турската војска и полиција, се возеше со пајтон како богат солунски трговец...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога Кате и Боге ги доглодаа ѓевреците, и нивното пајтонче дооде исцицувајќи ја последната капка бензин и довлечкувајќи го продупениот олук на ауспухот, Богевци со торбите се втурнаа во станот и веднаш викнаа по децата: - Јано, мајке, кај си?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе