печалбарство (ср.)
Карактеристично за печалбарството од овој период било тоа што сите оние кои заминувале како печалбари привремено го напуштале домот со цел да заработат пари и по одредено време да се вратат во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Се враќам по четири месеци, и тоа ќе биде крај на моето печалбарство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, токму во таквата земја од мечтите, Христов минал низ суровата школа на печалбарството.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Првите иселенички движења се поврзани со печалбарството, кое во 90-те години на XIX век станало масовна појава.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)