пискот м.

пискот (м.)

Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од време навреме скокаа во место цепејки го небото со вресок својствен само на нив, болно плачеа коњски, а пискотот нивни се прочу низ коријата, одекнуваше од околните ридови и повторно се гушеше некаде длабоко во нивните коњски срца.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нов резок пискот на локомотивата ја процепи ноќната тишина и ... бегалците со радост усетија дека возот ја намалува брзината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А лелек и пискот сегде во куќата јачат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Стражарите зачекорија напред. Гласот на човекот се претвори во пискот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Длабоко во ноќта го очекуваше пискотот на локомотивата на својот Балкан-експрес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Страшниот пискот го слуша, недостапна сала за солзи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Додека тој паѓаше, а колежот и пискотите продолжија, капакот на испуштениот сандак се лизна и одвнатре се откри восочното лице на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слезени, скриени, на другата страна, го очекувавме заминувањето на возот, сѐ до последниот пискот на локомотивата кој се губеше во далечината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И глас некој оддалеку ми иде низ градините како пискот по изгубено добиче како лелек по загубено дете како драга што доаѓа да помине по предели и спомени.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Бродот испушти долг, тажен пискот во маглата; ако замине, утре ќе биде на море со Франк тргнати кон Буенос Аирес. Имаа резервирано билети.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, тоа не беше човечки танц, туку танц на непостоењето; тие дури и не ги чувствуваа своите движења, потскокнувања и своето дивеење; но „нешто“ сепак танцуваше во нив; тоа беше нивното суштество: грутка непостоење, којашто тие на неодгатлив начин ја чувствуваа, неподвижен пискот на исчезнување, лешинска бескрајност; и сето „тоа“ хистерично се тресеше во нив, завивајќи и потскокнувајќи, вртејќи се околу себе и подигајќи ги рацете кон ништо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од викотницата што идеше од далеку, како некое тешко перде да се мавта и пропушта навеви од пискот, првин се слушна „тутунус, бре”, што значеше дека некого гонат, или дека некој таксиратлија, поради една или друга причина, треба да се фати и зграпчи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се нададе весел пискот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во подземното царство Посејдон коњите ги спрема Острејќи го трозабецот тој тргнува во нова авантура Да го задржи она што синот со пискот му го зема.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Потем се слушна рапавиот, но силен пискот на локомотивчето и вовчето забревтано појде удолу. Кон новата станица на нашиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе