пискотница (ж.)
И ми текнува колкупати сум гледал човечки пискотници кога никој никого не го гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А тие, никако да се измолкнат од поплаките и пискотниците. Некакви сенки им шетале по сокаците и по дворовите.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Од ѕверската јама на општинскиот писра избиваше несносна пискотница на виолина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа се шантра божем недоветно покрај ѕидот, а после одеднаш се фрла како мачка по нив и тие со пискотници се распрснуваат кој каде ќе втаса.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Напред се извикуваат пароли, се мешаат викотници и пискотници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се разбира, клучот двапати го завртев во бравата подготвен да ги издржам нејзините врескотници, пискотници, молби и преколнувања.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Вечерта Патрокле се отпушта за спиење и слуша преку ѕидот, во соседниот кауш пискотници.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јурнува надолу по скалите. Го удираат в тил пронизливи пискотници на истанчен женски глас.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гровна бомбата и се слушаат само пискотници, машки лелеци. Ајде сега бегај назад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мислиш мојот глас не се придружи на вашите пискотници што се искачија до самото небо?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Падна на колена и пушти глас - пискотница: - Циљкооо... чендо!!!... - над лединката за миг нависна крик.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сѐ се случуваше брзо, помешано со пискотници и пцости...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ги слушнаа Милановите пискотници четниците на врвот на чуката и се вомјазија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Влегувам во џандармеријата, а однатре излегуваат лелеци, пискотници, Се слушаат дури на патот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во таа гужва, плач, пискотници, помешани со страв за опстанок, на кого му било до женидба?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)