пишувач (м.)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)