платив (прид.)
Со срце ѝ платив Во себе не се вратив Небаре божјак беден До изворот Жеден.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Ја платив возната карта и во џебот ми останаа само уште вкупно три американски долари.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Јас го платив орото, а не тој!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И јас кај мене зедов работници да ископаат и да пуштат цевки од главниот канал до куќата и платив водоинсталатер, го платив Ацета Ружин од Лерна, да ми спроведе вода во куќата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На својот забар му платив со овој чек што го нацртав, кој воопшто не беше банковен. И тој прифати.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Му платив и брзо истрчав до банката криејќи се по страните за да не бидам видена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Вели јас платив ремонт, твоја работа.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Си ја платив цената, оставете ме на мира. Што сакаш?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СОЊА: Со тие раце ти направи и нешто друго. БОРИС: Тоа го платив и преплатив. Ти двапати годишно проверуваше дали сум жив и ми честиташе на упорноста.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И јас ѝ платив да ги исчисти од мене гревовите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ме одведоа в полиција и платив казна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Платив. Ѝ се обраќам на дамата: – Изедете го, – велам – граѓанко, платено е. А дамата не мрда. Се срами да го докусури.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И му го платив, му го купив.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А кога платив петстотини златници вкупно за црниот отровен створ со крст на грбот, го зедов чудниот товар, кој од не знам какви причини, за Писмородецот беше поскапоцен од товари злато (оти рече ќе ме убие од биење ако не дојдам за шеесет дена) и тргнав назад.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Неговата смеа ја има во мене, еднаш дури скапо ја платив.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Еве, и јас зедов исти панталони. Не се пазарев, а платив 400!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Едно претпладне поминав многу лошо. Платив за паркинг, час и половина вртев кругови на паркингот околу болницата и не можев да најдам слободно место за паркирање, плачев од нервоза, ти ме чекаш таму, а јас час и половина не можам да најдам каде да се паркирам, па си ветив дека наутро кога е гужва, во иднина, ќе доаѓам со такси, а навечер со автомобил.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)