пледоаје (ср.)
Завршуваше и пледоајето за овој симбол на османското единство и владеење во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се очекуваше Татко да го изнесе своето пледоаје за судството на Балканот, во текот на владеењето на последните империи, сѐ до оваа социјалистичка судница чиј дел требаше да стане и самиот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше очигледно дека Камилски имаше подготвено вистинско пледоаје за меѓузависноста на лингвистиката и гастрономијата, како вовед во дебатата за османскотурските заемки во балканските јазици и јадења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Познати се сите причини кои Duchamp ги наведуваше во разни прилики како оправдување на фактот дека Невестата „дефинитивно не е довршена”, како и пледоајето pro domo, какви често држеше, за нужноста да се биде мрзелив и безгрижен.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но, да се разбереме, вашето вчерашно пледоаје, за некој друг суд, во оваа иста земја, како и секаде каде што се протегаат новите христијански граници на комунизмот, би можело да биде протолкувано и како обид за исламско-отомански заговор, како носталгија по отоманското царство, скриен обид за негово реставрирање.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во група од три или повеќе самогласки во непосреден допир, меѓу втората и третата се пишува ј: доајен, досиеја, крупиеја, фоајеа, пледоајеа; во 3 л. мн. на минатото определено време: знаеја, миеја, криеја, спиеја, таеја.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)