плете (несв.)

Зла судбина на глава ни лежи, бол и тага плетат свои мрежи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тешко му беше, нозете одвај го носеа. Пред очите му се плетеа мрежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
НАШЕТО ЗНАМЕ Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави - слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кревалката е да ја крева маглата од полињата на страстите да не им пречи на сите кои во занес плетат корпи за брање свежи воздишки
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дури и не сетила дека од столчето се свлекло волненото перниче за кое своерачно јас ја плетев навлаката. Е, не можев да се воздржам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А бре, ти да не плетеш чорапи меѓу нозе, му вели и сѐ понаниско ќе му застануваат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Последните два дена само за тоа се зборуваше: мене мајка ми ми купи ново фустанче, мене мајка ми ми шие, мене мајка ми ми плете, мајка ми, мајка ми...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа плетеше некои куси волнени чорапи на пет игли со преметнат конец преку вратот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа често плетеше такви чорапи и, веројатно, ги даваше некому да ги продава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги навре сите котелци на двете игли и почна да плете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Цела ноќ ветерот завиваше, дождот плискаше и сите тие шумови се плетеа во немирниот сон на момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А јас сум седнала онака настрана, сум зела игли и јаток и си плетам со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Влаинката почесто одеше кај турските жени, кои во отсуство на мажите ги плетеа рогозките на тремот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се изненадија кога го видоа седнат во ладот на ѕидот зад нив, со куп врбови прачки како плете некоја голема кошница: - Ти си ја тераш таа решетарската, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Прстите рамномерно ѝ се движеа, плетеше така без да гледа во плеталото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ме болат табаните Од вашата немилосрдност, Мили мои, Во намерата Да ги сечете гранките И да ги плетете како години Под чија тежина Старееме.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Мајка која никогаш не ги коментираше вестите, постојано нешто плетејќи крај Татко, повеќе за себе рече: Дај Боже да врне во Виетнам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашите пливачи - избрани и самонаречени балкански властодршци и нивните следбеници - ја заведуваат Европа која плете чорапи на балконот, и своите народи коишто изгладнети и осиромашени седат на брегот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе