повели св.

повели (св.)

Немојте овде да спиете, вели, има диви ѕверови. Повелете во мојата колиба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЈОРДАН: Е, повели, зету. (На побратимите). Елате и вие горе да видите.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Ајде, душо, повели,- го поведе учителот кон празната клупа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако можете, повелете, одморете малку... - љубезно замоли офицерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Никој не се зафаќал да го спрегне добитокот како што никој не се определувал на ничија страна: нека повелат Онисифор и Онисифор да се спогодат околу покојникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се вртам кон следните гости и со наклон и рака испружена ги канам да повелат да се фотографираат со младите, а тие се редат во групи - дедо, баба, мајка, татко и деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повели, напи се да видиш каква е.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повелете бројче, изводот од книгата на умрените ќе ви биде изготвен за три дена “.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повели- му рече и тогаш мене ми прескокна срцето во градите зашто знаев дека е тоа дедо Геро Војвода.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мече итро го скри црцалото в пазува и едвај задржувајќи се да не се насмее, се затрча надолу, викајќи: – Кој сака вода, повели!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сигурно и вие си имате работа како мене, ама што да правиме. Ајде, повелете дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние, освен тоа, можеме и да не ви дадеме камења. Повелете, еве ви го капарот и збогум, со здравје. Оставете ги нашите жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе видиме, - се наорли Бузо. - Повели! - се испрчи пред него Коле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Повелете – му ја отвори предната врата на крупниот човек во сив, педантно испеглан костум. - Фала много.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повелете. Проштавајте, ич низ ум не ми помина...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сакаш ли и ти да бидеш муслиман? Повели, јас подеднакво ќе те придружувам и тогаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе