поган (прид.)

Се мразам што егото незнам да го скротам за секое срање газот да го потам се мразам себеси што Бог го разочарав и погана уста што често отварав
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А рисот веќе го имаше понесено во устата неговиот зајак и сега се оддалечуваше со својот поган крадешки чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се плашеше да одбие, но и да се нафати со таа погана работа не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лапавицата ко паспал ни се лепи на алиштата. Море погано време!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме викаа. Ме плукаа, но ништо не слушнав од непознатиот вокабулар на нивните погани усти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Ти ли си тој што ја напиша таа погана книга за умрените на Балканот!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бездруго, и самиот пелтечав и под контузија, тоа ѝ го рекол - гневен е, не сака да дојде пред лицето на севишниот со погана навреда на совеста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Момент на вистината. Моронодебилен квиз за разголување на својата погана душа за пишливи пари на кој шансите да ги добиеш се 1%, а шансите да ти фаќа сеир целото маало се 99%.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Така муцката твоја погана. Ќе бегаш и ќе прашаш има ли ште...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без поп беше погребот. Попот што го имавме, комунистите го избричија. Погани беа тие и погани работи правеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој просто како да го дофати на своето лице нејзиниот поган допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој прво сакаше да ја намачка со сало, ама долу во Небиње, каде што беше кулата на бегот, имаше еден поган заптија по име Тефик.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Овој пат, откако седнав на столот спроти Грофот, додека гледав во неговите раце, реков: - Тоа биле погани нешта .
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дедо попот, господи прости ми, имаше погана уста, како што се вели.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на сѐ што значеше живот, беше нечовечко и погано време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вангел, сфаќајќи што исплука од својата погана уста, побрза да се оддалечи од кај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дедо му откопачувајќи ја, му рече: „Ти реков: не закучувај во градинава вакви погани билки... Привлекуваат со своите цветчиња за да те намамат...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така едноног, сакат, седи во бозјакот крај прашливото џаде, испоганет од погани усти, но не испостен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе