подавалник м.

подавалник (м.)

Обично ние го носевме пред гостите подавалникот со топло мирисливо кафе што го вареше Мајка, со локум и вода.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го растовари својот подавалник и веднаш почна да јаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фоте ѝ го беше принесол под носот да го мирисне, пред да го однесе на балконот во подавалникот со локум.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка некаде замина, потем се врати со подавалник во рацете на кој беше бокалот со двете шолји за чај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И се пред очите на Христовите поклоници без Христа во себе, кои не гледаат во душите на верниците, туку во рацете и подавалниците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некаде на полноќ, Мајка почука на вратата на библиотеката, носејќи го подавалникот со вечера за Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Си го пробија патот низ преполната просторија и ги растоварија подавалниците на масата со метална површина, на која на едниот агол некој истурил баричка од манџа, нечиста течна маса која личеше на повраќаница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На рецепцијата на зградата, во еден голем подавалник, секое утро имаше топли американски колачиња „кукис“, па јас и ти на излегување од зградата ќе си земевме по неколку.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но девојката сѐ уште беше сама кога Винстон го зеде подавалникот и тргна кон нејзината маса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Келнерот веќе им носеше, покрај листата на јадење, и долг подавалник со различни сирења, од млади кравји до биени овчки, преку мешани кашкавали и траписти - по избор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко стана, го прифати подавалникот, упатувајќи го благиот поглед кон Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зоран зема едно колаче, но уште тоа не го изел, мисли веќе на друго и ја подава раката кон подавалникот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Штом ќе се увери дека не е привидување, го остава подавалникот и ја почнува својата игра да го разоружи Младичот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мајка влезе со цвеќето на Камилски, го стави во вазна среде книгите, а подоцна го донесе подавалникот со двете чашки, бокалчето полно со жолта ракија и свежото мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој во еден мал подавалник носи за јадење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Човечето ползеше на сите четири, неговиот подавалник беше одлетал на една страна, а две поточиња кафе течеа по подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Винстон се сврте од пултот со подавалникот во рацете, забележа дека малото човече оди право кон масата на девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Просторија со низок плафон, преполна со луѓе, со ѕидови потемнети од допирот со безбројни тела; исчукани метални маси и столови, поставени блиску еден до друг, така што луѓето се допираа со лактовите; искривени лажици, накршени подавалници, груби бели чанчиња; сите површини измастени, нечистотија во секоја пукнатина; и еден киселкав, измешан мирис на лош џин, на манџа со метален вкус и на нечисти алишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе