подготви св.

подготви (св.)

Од уста во уста, тивко ја пренесуваат наредбата: - Подготви го ножот!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се подготвија веднаш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие ѝ давале предност на саможртвата на македонската интелигенција и гледале со недоверба во способноста на Револуционерната организација да подготви општо востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Чанга држеше значаен говор. Сведочеше за времето на козите од почетоците до денес. Беше добро подготвен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Си подготвувам и говор што ќе го кажам пред стрелечкиот строј...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Противникот однапред знаеше за намерата и добро се подготви за одбрана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тоа време стигна наредба да ги подготвиме бајонетите на пушките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И сите решенија почнаа да се исполнуваат со најтанка точност по планот што го подготвуваше коџобашијата со другите советници што беа околу него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Водичите се подготвени да ја изречат беспрекорно научената идеолошка молитва.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Набргу сите разбраа дека Чанга ги надмудрил републичките и федералните стратези кои го подготвуваа судскиот процес на деценијата во јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од заседа му се препуштаме на сонот Слекувајќи ја од себе Баналноста на животот. Се подготвуваме за новиот ден.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Копал ту со едната ту со другата предна нога и се опирал со задните во подготвување да се пропне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ние имавме хор и најмногу го подготвувавме во Тетово.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Европското општество почнува да подготвува помошти за македонските страдалници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подготвувањето револуција е работа што можеби бара умствено работење, но тоа работење не е толку мачно и толку ценето колку што си мислат револуционерите – младата наш интелигенција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При една провала во 1900 година биле уапсени сите, под сомневање дека нешто подготвувале против поредокот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оваа пита Мајка ја подготвуваше само еднаш во годината, зашто таа си бараше повеќе дикат и материјал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе