подозира несв.

подозира (несв.)

Трајко си беше пристар и тевеќелен човек и не подозираше никакво сомнение во Толевото често навраќање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не подозираше особено татко ѝ, дедо Иван, кој инаку знаеше како да ги зачува компирите од 'ртење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се прости веќе од сништата на младоста, но не може уште да се помири со едно: дека го градел својот живот на погрешна основа и дека она, во кое ја подозирал својата исклучива талентираност, се исцрпило со најпросечен домет што дури и не се повторува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ме погледнуваше со подозирање и, така, со свои мисли во главата, одново се свртуваше кон работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Луков ги испраќа до вратата, Иван го става револверот во џебот и се наредува зад Младичот. Овој не подозирајќи ништо, излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)