подозрив (прид.)
Отпрвин ги свиткува веѓите па подозриво се вгледува во мекото од очите на учителот и започнува да се насмевнува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во овој дуќан, потонат во секојдневната тишина, сега може да го привлече интересот на минувачите и подозривоста на полицијата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- А кај е мајка ви? - запраша подозриво кондуктерот, гледајќи ги под очи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тој ме гледа со подозривост, а сепак, ми се чини, само кога би ја пуштила раката, тој веднаш својата глава би ја ставил во неа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Но нездравата упорност не се подава. Со дива подозривост тој одбива сѐ.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Оваа напомена ме прави внимателен и подозрив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)