подочници (само мн.)
Непроспиената ноќ уште повеќе ѝ го разобличи лицето. Подочниците беа клапнале на образите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Човекот се среќава со сопственото стареење секое утро, во огледалото, но не го забележува, токму зашто е секојдневното (освен ако не бил буден или напиен претходната ноќ, па и тогаш знае дека подочниците ќе поминат со првиот добар сон).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Таа беше молчелива, нерасположена и дезориентирана. Околу очите имаше големи подочници, нејзиниот лик на ангел некако брзо се измени.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Како од лоша вест, се растревожив морбидно, до мерка на зло претчувство: „Да не сум болна?!“ Ги повлеков подочниците и го исплазив јазикот.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ако бидеш јануари Ако бидеш јануари, јас ќе бидам снегулка и ќе спијам на твоето рамо, додека не се стопам од убавината што ќе ти го стопли срцето, ќе се претворам во капка и ќе го насолзам твоето око, ќе се лизнам низ твоите подочници темни и ќе исчезнам.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Затрепери пред него нежна и млечна белина и му ја изми душата па се разведри и почувствува дека подочниците му спласнуваат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)