покорен (прид.)
Каков презир во вашите насмевки за покорните погледи на победените и какво спокојство во погледот на соколот што на раката ви седеше.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По којзнае кој пат неправда нова на народот обесправен, страден сакаат обезличен да го видат до смрт да го остават покорен и гладен
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Нечисто зеленило фосфоресцира од испупчените очи. Колку е покорен овој поглед на зелените очи!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина, со закон турскиот поредок не беше робовладетелски, но на практика токму таков беше, зашто покорената раја беше сопственост на бегот и тој располагаше со неа по своја волја, та дури и до продавање на луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И за мене неочекувано, ропски покорен пред својата ајдучка страст, тој го замрси денот в јазли оставајќи ме в стапица полусакат и во неизвесност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во тој миг го здогледа бикот Чако, како со спуштена глава му се приближува, покорен пред послушноста, припитомено легна првин на предните нозе, потоа ги спушти наземи и задните и веднаш заспа, папсан од скитањето низ гората.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Рамнодушен за сѐ околу себе, покорен и совладан, коњот тегне во својата запрега уште една судбина: бел, жолтоок пес, уличен мангуп, безопасен и зад решетки и на слобода.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Уплашени и покорни Руса и мајка ѝ му ја дадоа, но тој не се реши веднаш да го стори намеруваното.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Рахела, покорната жена на Моше бен Азај, непрестајно напојувана со историите на прадедовските маки, не можеше да издржи пред безумниот очај на љубеното око што веќе не ја препознаваше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Арсо се беше претворил во согласност, доверлива и покорна согласност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овие голи селани? Оваа покорна раја? Не џанам!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А пак таа, демократијата, лежеше заглавена некаде : во обидот да севкупното оштество да се глобализира, влегувајќи засилено, без многу размислување, со покорен ум во глобалот, големата навала на капитал- системот, чија цел беше обединување на светот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ти си далеку и ништо не гледаш. Како слуга покорен треба да одам зад секого.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа мораше да се случи: еден мал и неочекуван преврат, неколку атакувања на нивните бели куќи оградена со индуски цедруси и со коски на покорените, неколку барикади и - еве го оној ден. Мој. Наш. На човекот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)