покорност ж.

покорност (ж.)

Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се насмевнуваа со некоја нагласена симпатија, заговорнички ме погледнуваа, а притоа настојуваа на некој посебен начин да ми ја изразат својата поданичка покорност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А сакав да доживеам нешто несекојдневно што учениците од гимназијата не доживеале и не ќе доживеат со нивната глупава покорност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Баба Севда продолжи така смерно да си седи на патот, потпрена на ѕидот зад неа, со патерицата навалена крај неа, при секое поткревање на погледот тресејќи ја главата и главно со наведната глава во знак на покорност и помиреност со судбината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се стопи од православна покорност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оттогаш, во знак на набожна покорност, поколенијата на едноокиот, најверојатно по совет на некој свет човек, носеле на левото уво златна обетка и иверка свето дрво под гушата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но на отворената врата се судрив со домаќинката, со нејзината подгрбавеност или набожна покорност од која и манастирскиот камен се стоплува. Ми рече нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го стегна држачот на мечот. Почувствува како низ испакнатите жили надоаѓа некогашната сила, уривајќи ги браните на покорноста.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Неговата покорност, неговата понизност, пожртвуваност и дисциплина набргу го исфрлија на површина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во секој случај, никогаш ваквите постапки на Русите, како бакнувањето на раката, не сум ги сметала за израз на слабост, а уште помалку за знак на покорност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Домаќинот без голема покорност покажа на софрата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Ако не легниме, ќе замава Рифат, по очи, по глава, по раце и по ребра, та ќе си останиме алипни до векот — ја правдаа својата ропска покорност.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да се затворат очите, да се искорне во себе макар и последната трошка покорност и да се...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Барал да го послушаат, да не патуваат ноќе и со надеж претпоставувал дека диносаурскиот гуштер го надраснува нивниот господ како што нивното мрморење било надраснувано од покорност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нештото, што завладеа со него, не беше ниту господар ниту тиранин што изнудува данок или бара покорност, тоа беше исполнет благослов, материјализиран благослов, тоа беше битие во битие, побогата и поголема чувствителност, универзум поблескав од чувствата и од емоциите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не може секој да издржи цел живот да се плаши и да мисли само на покорност и на работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе