полумесец (м.)
Живиот за живиот немал почит, исламскиот полумесец стоел високо над крстот како гола сабја со крвави рабови, крстот бил натопен со отров.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бабицата ги отвори полните усни и покажа голем златен заб под темниот полумесец на мустаќите. Личеше на Козак од филм.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Дојдоа Турците: се зафати борба помеѓу христијанството и муслиманството, борба помеѓу крстот и полумесецот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Зар не се вее златниот полумесец од Багдад до Виена, Техеран и Тунис?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)