помати (св.)
Можеш ли да му ја поматиш верноста
кон земното, додавајќи знак по знак
откривајќи ги срамните делови
на твојот систем
загадочниот метод
небесниот свод- дом
за да може да оди по истиот пат
и да стига до истата цел
човекот, оној кој над црната точка
стрепи по сличното, од различното стрепи
спојува еден со друг:
еден и еден, два со два, седумдесетидва
името го дели на четири
елементи – I.H.V.H.
тетраграматонот го врти, го враќа
ред по ред реди
вистината на скрбта ја учи
завист и суета, суета и завист
сѐ е бесценет камен, а број
свет и сила
равенката меѓу нив се припикнува
како вода меѓу шуплинките во карпата
како зрак во мрачна капела
бели точки на црна површина
поделена на две:
еднооко човече
дворог Пан
троока нимфа
четириаголен круг
пирамидална петка
црно на црно
расфрлан, разигран
Ум на Светлоста
Умна светлост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од празните болнички соби и ходниците во кои владее длабока, мртва тишина што ја поматува само тивкото крцкање на подгниените прозорци со испокршени стакла и врати, бие огромна осама која предизвикува измачувачки немир и чувство на болка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Набргу и тоа се помати и тој потона во тежок сон.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Или да удри со главата во ѕидот, да ја ритне масата, или да ја зафучи мастилницата преку прозорецот - да направи некоја насилна или бучна и болна работа, што ќе го помати сеќавањето што го измачуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
АРСО: (Полн е со животна радост и ведрина, кои тешко можат да му ги поматат и најтешки грижи и незгоди.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во моментите кога се меша со притоките на ирационалноста, заблудата, кога ветрот ни фрла прашина во очите, настанува поматување и колку и да се прашуваме и да бараме оправдувања и да го потиснуваме бесот кој тлее во нашите срца, ќе мора да се соочиме со сопствените одлуки и чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во тој миг ноќната тишина ја помати долг митралески рафал и потоа се одгласија други митралези.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ете, сто години поминаа и никој не им го помати сонот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Изгледа тоа што го испив јас тебе ти го помати умот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)