помен (м.)
Тие би можеле да имаат и смелост и дрскост да ни се истоварат овде, да расчистат со нас и... од атентатот да не остане ни помен.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
За покој и смирение на нејзината душа и за долг помен, четириесеттиот ден отидоа на гробишта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој не сакал по својата смрт ниту помен да остане од него, бидејќи сметал дека како индивидуалист се бори и ќе умре за своите идеи, но со тоа не требало да се занимаваат ниту неговите блиски ниту другите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Од даренија на цареви и кралеви, српски, бугарски и византиски, што се менувале овде; од богати, ама и од обичните луѓе кои давале за помен, за душа, за гроб.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако некој ден намалат водите, ти ќе ги исчистиш ќумците, да не дозволиш да пресушат дулците на чешмата, таа е за син ми Демир направена, за негов помен!“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се разбира, го заборави изгледот на куќата и се приближи кон влезната врата и виде дека некрологот објавува „шестмесечен помен“ од смртта на „драгиот и незаборавен сопруг Едо Бранов!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Kaddish тука, молитва во ритуалот на оплакување при погреби и помени; инаку, важен дел од централната молитва во синагогалната служба чија централна тема е величанието и светоста на Божјото име Kilao noe песна што задолжително се пее на пасхалната вечера (седер), со значење: „Нему му припаѓа сета чест и слава”
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)