помодри (св.)
Лузните на светкавата черупка беа помодри и подлабоки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Шлаканицата на приквечерината го помодре лицето на улицата.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Но јас мајсторски излажав, па така виновник излезе мојата помала сестра, па нејзе ѝ помодреа образите од шлаканиците што ги доби.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Дали од алвата му залетна, дали од некоја питулица, дали од ракијата или од чадот, ама гледаме ќе се удави. Помодрува во лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Здраво, право, што се вели, сѐ има на него, ама штом ќе зине да плаче не запира додека не помодри, додека не му излезе душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Телеграмата му падна од раце, лицето му помодре; касарната му се сврте, се потпре до ѕидот за да не падне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И го зема стомнето од под ветките и тура во рачникот, во маштеницата. Маштеницата се танчи и помодрува ко небото. 34
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Очите му солзат, носот му се замрсулавил, лицето му се зацрвенило, заедно со ушите. Дури му помодрува. И само напнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Светлосната жица помодруваше, а заедно со ова неуморливо пристапување на приквечерината, гласот на Глигор добиваше нова упорност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Помодрувам и јас така од бодежи, ама, си велам, ќе помине.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпосле ти немаш слух за мојот речник и би помодрел од бес кога би ти рекол - неочекувано се видов мртов и ти пишувам мртов.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Господ да чува: помодрел во ноктите, во лицето. Рѓосал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој кашлаше, чудно, од самата утроба. Неговото лице умираше, потоа пак му се враќаше на животот, помодруваше и се грчеше.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И сончевата светлост на нивните лица помодрувала. Господи, каде се изворите на спокојството?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Речи му чинев така на Јона и - плачи, плачи, плачи над Роса, дури да замалам. Ја гледам како кашла, заоѓа и помодрува. Море, море - зорт, море.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Слушај, жено, помодрел. - Јас сум те затруднувал, јас ќе те породам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да се подмлади ли пред нив со раскажување за Негушкото востание од кое, и со негова заслуга, се тргнала од слатка дремка султанската земја во која везирите и пашите, не само Лобуд и Јанински туку и сите други што не ги знаеле, помодрувале?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прстите му помодреа и не го додржаа, го пуштија и се слушна како бапна таму внатре.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Да не ја затворил бегот, пред тоа тепајќи ја до помодрување? Да не ја затворил поради казна?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)