понекојпат (прил.)
Понекојпат двете црти здружени со острината на нејзиниот поглед, значеа укор за нешто, но и тој гест можеше слободно да се препише на перфекционистичката особина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Признавам, рачето понекојпат сѐ уште трепери, особено кога имаме нова домашна задача.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
На нејзините долги клепки понекојпат се забележуваше ситна роса, која брзо се сушеше.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)