поплати (св.)
- Лефтеро! - Вика комесарот - земи го ова чудо и стрелај го во трапот. Поплати го со земја за да не смрди. - Не може... Штета за куршумот. - вели Лефтера.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште една ропска ноќ, со толку можности во себе за правење чудесии, си мислеше, се спушта врз мене, ме завиткува во себе, ме поплатува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Додека вечераа мајка Перса не престана да зборува и да ѝ се восхитува на Роса, а Пелагија ја поплати чувство на вина што таа и нејзината Пеличка имале среќа да ја сретнат мајка Перса, а мајка Роса со толкаво јато сѐ уште да остане во подрумите!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- И нашите опожарени куќи, - прифати Пандо - нашите ниви што ги поплати троскот, нашите лозја што ги испржи болест и нашите мисли и надежите наши... – тој не доврши.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Молк и многу тага го поплати селото; молк во куќата, во дворот, само во умот неуморно кружи, гребе и длаби мислата и не дава да се смири срцето, да се прибере, ден да се пречека со надеж, ноќ да се преспие без болка...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие двете не беа родени ороспии, ама ги поплати сиромаштијата, домаќинот ги остави и отиде да војува, ама бидејќи ја изгуби војната, од срам што немаше што да јаде, се обеси во канцеларијата на својата патриотска политичка партија, така што на овие двете не им остана ништо друго освен да се најдат на улица каде што им беше фрлен и домаќинот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Потоа се беше миг: Србин почна да доаѓа на себе што станало кога сите се собраа подолу да го вадат војникот што стеблото го поплати.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)