пополека прил.

пополека (прил.)

По малку тргнавме кон уличницата. Пополека ја отворивме вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стани и упати се пополека по плодовите на есента што татни во земни длабини.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кријам глава зад двете близначки пред мене, им ги фаќам пополека двете крајчиња од нивните плетенки,ги врзувам во цврст јазол и нестрпливо го чекам ѕвончето. Доаѓа и тој миг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Возот тресе, бревта локомотивата како да боледува од астма и сѐ оди пополека со денови, со ноќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Езерото пополека исчезнуваше и тонеше во ноќта. Наоколу сѐ спиеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А пред големите деца се испрчува како да добил орден за својата храброст, и додека бојата на лицето пополека му се враќа, тој вели: - Видовте... видовте ли кој бил кукавица?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа одеа колку што личеше пополека и не можеа да се пожалат дека се измориле.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пополека еден од полицајците се одважи и тргна со вперен пиштол накај Павле.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тропаа пополека или во налети по покривите од куќите, му отвораа поткожни дупки на езерото, ја раскашавија земјата, ја скиселија: замириса на комина, на гнилеж, на лигави кожи; го заборавија луѓето сонцето како изгледа, изгревот, залезот: темен почнуваше денот, темен звршуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Денот клика возбудено: памети ме, памети ме, ко пролетни води твое сум разливање, а ноќта: пополека сѐ да забораваме.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега дубровчаните, најмногу заинтересирани за трговија, пополека го доведуваа во ред и го оспособуваа за своја колонија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Пополека, мајче... - моли ранетиот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бојана почна пополека да му го дрка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
НАЦА: Пополека стапнувај, немој како амал со двесте оки товар на грб.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Жена му полека ја затвори устата. Само еднаш трепна, и потоа пополека уште еднаш.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе