поправа несв.
поправи св.

поправа (несв.)

Ги стисна забите. Не, грешам, се поправи. Тоа е гавранот со очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чичкото што дојде да ни ги поправа славините дома беше необично симпатичен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога почна црквата да се поправа од гранатите што ја продупчија, се реши да се направи и нов иконостас на местото на стариот што изгоре.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ се прави и сѐ се поправа дури си млад, вели, а после само ги жеволкаш годините.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не гледаш луѓе да киснат опинци во јазот, да поправаат опути.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Опинчиња поправаше, а сега и куќа и имот има, стоката до Солун си ја продава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Луѓе кои знаат дека одразот во огледалото не е нивен, а сепак му нанесуваат шминка и ја поправаат фризурата пред да го пуштат надвор. Туѓи одрази шетаат низ град.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кога помина преку неа, Мече се наведе како божем ќе поправа нешто на количето.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ни алишча барам, ни работа барам шо не може да работе алишча имам од Стоанка, ќе има шо да носе, а дал господ и сермиичка, сама да си потправуа по нешчо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не беа помалку изненадени кога ги видоа мажите како, качени на покривот на господарската живеалишна зграда, ги преуредуваат керамидите, како сами ги поправаат чардаците и ги кастрат роните дрвја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оти позгодно е да се поправаат после, отколку првпат да се создаваат.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поправањето ќе се изврши со посебно решение и ќе се внесе на крајот на оригиналот, а до странките ќе се достави препис од решението.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чичкото што дојде да ни ги поправа славините дома беше необично симпатичен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ уште нѐ поправа ако употребиме збор што македонскиот литературен јазик не го препознава (мајка ми многу се лутеше кога тоа ѝ го правеше на неа).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Госпоѓата - госпоѓата Фина храна, госпоѓата Висока мода, госпоѓата Висока уваженост - знае дека со менувањето на своите конјуктиви кај водоинсталерот кој ја поправа чешмата ќе предизвика запрепастувачки стравопочит.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некого пофалуваше, некого поправаше, но никого не истакна особено.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Повеќе