порача (св.)
Признај, зарем не ми порача дека љубовта е прекрасен оглав кој колку и да нѐ стега со задоволство дозволуваме да нѐ води?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Татко беше порачал терзија дома за да му сошие нови бечви и нов џамадан со гајтани опточени. За оној век алишта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе порача две-три оки вино и една табла ореви и ќе му нареди на Јошета со заби да му крши од оревите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Едно време ѝ порача на жената да им свари кафе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тогаш Царот му порачал на својот зет дека грижата за неговите деца отсега ја презема царската куќа а тој треба да се врати таму од каде што дошол.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На излегување ѝ порачав на девојката, да ѝ каже на жена ми дека имам работа во провинцијата и дека ќе се задржам таму неколку дена...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сигурно некој му пишал, или му кажал дека е болна и му порачал да си дојде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И вака ќе им речете на вашите татковци: Луман арамијата ви порачува да му однесете по една златна лира секој, а татко му на јунаков што ќе остане со мене пет.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сите да дојдат на состанок во училиштето, им порача пандурот на селаните.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Имам само да ти порачам нешто.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
— Утре ќе го закопаме на закон, рече баба, зашто човекот ќе дојде и ќе ни раскаже како е убиен, дали многу се мачел и дали нешто рекол, дали нешто порачал кога умирал.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Девојката ја донесе мастиката за која бев помислил дека е порачана.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да ти цути устата што ја порача! Оваа песна одамна не бев ја слушал. Така благо ми дојде да заспијам!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Агна ја нашла малата фотографија во еден од старите албуми и решила, за да ме израдува, од неа да порача да се ископира голем формат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го побарав и Кочо Рацин. Цинично ми рече дека е исклучен од Партијата и ми порача да си ебам мајката.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)