послушен прид.

послушен (прид.)

Отсега ние ќе треба да се жртвуваме за неговите интереси и со тоа да му отплатиме за неговата вера во нас и за неговото послушно и точно исполнување на плановите на организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој пат кај мене беше надвладеала намерата да не си играм послушен полтрон.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Послушните елени ги дигнаа главите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како сите станавме толку послушни? Зошто толку ги земавме работите здраво за готово.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јоше млад и послушен ќе крши, што ќе прави, а татко ќе пие вино и ќе џвака ореви, ќе меле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо Бошко сфати: Луман сакаше на селаните да им втера страв в коски за да станат послушни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во неговите неми инструкции имаше некој толку силен авторитет што дојденецот воопшто не се замисли, туку по некој послушен автоматизам, со тешки и спори движења почна да го симнува ременот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пееја, небаре спротивставувајќи ѝ се на вечните бранови, за славните предци кој што на чело со предокот Суљ Старова и албанскиот рисјанин Бендо Шапрдани, успешно им се спротивставиле на четириесет илјади аскер на Ахмет паша и на послушните Румелиоти, останувајќи херои засекогаш во полифоната песна.
„Граница“ од Луан Старова
Ама, вистински би се препалил да го знаеше и ова: илјада и петстотини јаничари беа пуштени по Румелија и тие требаше да испофаќаат и донесат назад во Турција уште двапати по толку млади робови на околу петнаесет години, што ќе ги држат после под строг надзор уште шест години, додека да станат јаки, скромни и послушни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Слугував, послушен, а сѐ посилен растев и сѐ повреден бев во работата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подобро послушен физикалец што ви ги истоварува бедните панаѓурски стакленца и перлички од Грција и Турција, отколку креативност, ентузијазам и енергија ОВДЕ нешто да се работи. Држава на шверцери и пејџер-типови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во светите текстови лудилото е казна ако не се биде послушен на Господа: „Господ ќе те удри со беснило, со слепило и со лудило“ – таква е казната според „Стариот Завет“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја погледа на месечината и ѝ проговори: — Ајде, море златна, со тебе сега век ќе векуам. Биди послушна како Стојна досега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сега и довека нарачан со Божјо име Захриј, послушен до гроба, безмолвен раб на Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По природа беше покорна, послушна, кротка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаеш каков послушен член бев.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со еден збор, Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Помогни му“, реков, и послушната девојка побрза да ги додаде уздите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)