послушно прил.

послушно (прил.)

Се залепивме до него тупкајќи со нозете војнички и послушно. Редицата се нанижа права како стрела.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дедо послушно го спушти ракавот и почна да си реди пасијанс со картите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Стрпливо и послушно создаде и зачува име на чесен човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кренавме врева, почнавме на мајка ми да бегаме додека Киле послушно веќе си ја врзуваше шамијата преку капата и преку ушите и под брадата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По неколкумесечно отсуствување од Загреб, послушно ги прифаќам сите совети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но не го уби заради тоа што беше лошо, бесно, напротив кон него беше кротко, мирно и послушно, ами го отепа во еден момент на афект, кога тоа ја откопа главата од неговата жена која тој ја убил скришум и ја закопал во градината пред куќата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со зборови го разоружа својот несуденик, кој беше доведен во состојба на послушно кутренце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ќе издржите вие, знам, ве познавам јас добро, сте влечеле и потежок товар. - нежно со шепот разговараше со својте коњи, мислиш комуницира со нив без никаква мака, а тие пак послушно го следеа неговиот говор, постапувајки според неговите мирни наредби знаејќи дека само така е можно да се успее во намерата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Балабанов послушно бркнал во џебот и му ги дал парите што му биле неопходни за преживување во туѓина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Палтото треба да е послушно, испеглано, токму како и знамето што победоносно се вее.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Послушно клекнаа и седнаа на местото каде што стоеја и вкочанети од недоумение долго останаа така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како целата држава, мојата слатка мала Хрватска да се претворила во училишен хор и секој ден послушно вежба хорско пеење. А диригентот е, се знае...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Значи, тргнав послушно, ко мало дете по брат ми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Напред одеше Беличот, а Мече послушно потрчкуваше по него за да не заостане.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бојан ја домами кучката и таа послушно слезе низ скалите, подлавнувајќи повремено, па послушно легна до нозете на својот стопан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ризван бег се цереше од подбив, ама ибн Бајко ги стокми послушно трите први прсти од десната рака, ги собра еден до друг, а домалиот и малиот ги свитка, ги залепи за дланката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ѓувезија Дубровска одговараше послушно, без ниеден знак на противење. Всушност, таа и не знаеше што прави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ваквиот, барем за наши услови, нов и „наопачки“ принцип на синдикална организација ја негира поделбата на активно синдикално водство (кое преговара) и пасивно членство (кое послушно следи) – која, впрочем, е и загноената рак- рана на македонското синдикално движење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе