потекло ср.

потекло (ср.)

Јуруците, муслимани од азијатско потекло, живееја во некои села од јужната страна на планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Името Македонец првин се употребуваше од Македонските Словени како географски термин за покажување на своето потекло.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајка тогаш не ми зборуваше за своето бекташко потекло.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што не можеше да се продаде кафеавата бунда, а да не се роди сомневање за нејзиното потекло, така не можеше да се открие Мајкиното знаење на странските јазици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ми објасни дека потеклото му било токму од Маказар, но јас не можев да се сетам на него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исто така, се запознавме со потеклото на името Бугарин во вид на етнографски термин во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кај си можел дотогаш со свои зборови да мислиш, на своето потекло да се сетиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На птиците им се придружија со засипнато лаење пци скитници и дресирани трагачи со волчо потекло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Истовремено, ме подготвија да се спротиставам и да излезам накрај со сѐ што во иднина ме очекува поради моето егејско потекло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Му беше блиска Шпанија поради приврзаноста кон својата мајка која беше од шпанско потекло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски во мигот не одговори, но по малку изнесе податоци од неговата париска дисертација дека некои лингвисти кои не престанале со истражувањата на потеклото на јазикот биле следени од специјалисти во генетиката на популациите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние треба да создадеме таква положба – да нема во Македонија ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, зашто таму нема Бугари, Срби и Грци, ами има само Македонци од словенско потекло и некои други македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гледаме едно дупче му подбелува на челото. Уште крв не му потекло.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
О ти располагаш со бол во тебе се прекршува колективот и други показатели О во тебе се креваат револуции граѓански војни и љубов - збирна множина О во тебе паѓаат снегови снегови О во тебе тапани нерви и булки од секакво потекло О во тебе се Тие О во тебе отпадоци остатоци недостатоци вертикали и разновидни интимни чувства О ти си едно минато неопределено време О можеби си човек.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Речовито е сознанието до кое доаѓале критичарите говорејќи за прозата на Чинго, она сознание за нејзиното потекло, иако одделните критичари поаѓаат од различни критички становишта, со разни критичарски определби - од импресионистичка до психолошката и социолошката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Следуваше звук на истрел и пред него со огромна брзина се редеа чудни слики на кои не им го знаеше потеклото (знаеше само дека не е во кино).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе