потрага ж.

потрага (ж.)

- Греота е идентитетот на Балканот! – ми вели тој со нескриена зачуденост. – Па денеска цел свет е во потрага по својот идентитет, а ти сакаш ние да живееме како баби, да го заборавиме сопственото минато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во големиот врзоп записи речиси секоја страница била некогашен празник, потрага по неколкуте рајски мигови на одложеното откритие на бараната порака во непознатите страници на книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во овој син воден густеж започнуваше, според сите таткови претпоставки, големиот пат на јагулите и кој требаше да го следи семејството во потрага по излез од Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Крајната цел на неговата потрага, на неговата лична Еурека, остануваше да го открие можното согласие во патиштата човекови и патиштата на миграциите на сите други суштества.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби немаше сфатено, но со своето однесување тој идеално се вклопи во потрагата по задачи со кои требаше да се нагрби уметноста за да биде корисно употребена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Деновите по разврвените Солунски улици исполнети со униформи, питачи, заводливи жени и исплашен народ ги минуваше во размисли и потрага по смислата на она што веќе беше сторено.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Билките збунето тргнуваат во потрага по своите корени.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Токму таквата поврзаност ја издига уметоста на позиција на релевантен фактор при потрагата по смислата на постоењето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Семејниот идентитет беше отворената врата кон спиралата на другите семејства, кон другите енигми, кои ја осмислуваа потрагата по разликите кои ги наложуваше историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кодексот на тајноста на установите кои се занимаваа со посвојување дополнително ѝ ја усложнуваше нејзината потрага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму кога се врати во куќата по безуспешната потрага, пред куќата веќе стоеше полициско комбе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во потрага сум по докази за мојата способност на утврдување при аналитичките детекции на предодредувањата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега потрагите се префрлија на друг план.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Речиси целиот живот ќе му мине во потрага по патот кој води во родната земја, остварувајќи го вистинското враќање само во јазикот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татковите книги сѐ уште ги содржат неговите соништа поврзани со мајкините. Мојата потрага продолжува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тргнуваш во потрага по цветот за гранката на твојот сон. Утрото измислува портокали. На твојот суров континент плодови на морето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе