почетен прид.

почетен (прид.)

3. Време, Човек Драма, Сатурне: Јас станувам носечки лик, противник Ти почетна сила, нагон кон целината; Јас тапкам одовде-донде Ти кружиш цикличен, прстенест; Јас им се подбивам на повторувањата Ти повторуваш, ретко но редно демонски син-хроничен, цел; Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли, епохи, ех да можам да летнам Ти гледаш од високо пишуваш и леташ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Всушност, тоа беше почетната фаза за средување на просторот помеѓу зградите во станбената населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
До последните денови од животот, таа веруваше дека постои излез од страдалничкиот круг на егзилот, со враќањето на почетната точка, со враќањето во родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во сите почетни сукцесивни фази од почетоците на минатиот век, па сѐ до 1968 година, палестинското движење имаше само една цел: да ја ослободи татковината и да создаде независна арапска држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Признавањето на заедничката врска меѓу жените е почетна точка за феминистичката свест и тоа го запечатува пактот меѓу жените.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Доста време поминав со потполно скршени, луди луѓе, и дефинитивно сметам дека е потребно во срж да се измени почетното образование и подготовката на професионалците што работат со таквите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Стратегијата на неговиот егзил го учеше постојано да го избегнува враќањето на почетното, на претходното место, секогаш одеше во правецот на антивраќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Погледот запираше на родното градче Поградец, почетната точка на последниот егзил на татковото семејство во далечната 1942 година, кое оттогаш небаре осудено на припадност на земја без враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На почетната страница од нивниот сајт напишано е: Се надеваме дека до сега не сме ве разочарале, и дека повторно во некоја песна, некој стих, некое зборче или пак тон, ќе пронајдете дел од себе, дел од вашиот живот, затоа што светот во кој што живееме, малку е убав, малку за нигде, ама единствен кој што го познаваме.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Подоцна, читајќи книги со шарени цртежи за прекуокеанските освојувања постепено почнав да сваќам дека најуспешен почетен чекор на освојувачите бил што ги збуниле домородците со необичните ситници (повторно, чудесното огледало).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога уште еднаш се исправи, канџестата шепа почна полека да се повлекува, оставајќи ја зад себе распространета и долготрајна болка, предизвикана од почетната претрпена повреда. Но болката не исчезна целосно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со устата во процепот од средни големини пак намести се во почетниот збор на истераниот вокатив.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Првиот, што можам и денес да го распознаам и за кој по нешто и знам (иако го пресретнав уште таму, на вратата од почетното распознавање на животните знаци), беше оној: дека сум најдена под високиот брест на тромеѓето помеѓу Моинци, Зрново и Подлог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но истовремено го остава недопрено почетното прашање зошто централната честичка во основата не го чувствува и најголемиот притисок во купот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сепак, добиените податоци ја потврдија претпоставката дека почетна особина на црните луѓе е да бидат непрепознатливи меѓу останатиот свет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе