почит (ж.)

И таа има повеќе почит од луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој влечка, забавува, неодговорно се однесува, нема почит кон времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И нека е само поради таа нејасна радост на која не можеме да ѝ ги видиме очите, Иван Степанович ја заслужува нашата длабока почит и благодарност“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си велеа дека таа ја користи нивната почит кон неа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Разговараа без онаа нужна почит на селани кога се во туѓа куќа и пред домаќин со кого штотуку се сретнале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој целосно уживал во добриот статус меѓу овие дами, кои во семејните врски биле над него, но биле подготвени да му клечат пред нозете во знак на почит кон неговиот гениј.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
А токму отменоста ѝ била близок роднина на почитта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше еден од незаборавните министри во Сојузното министерство за надворешни работи, каде со почит и восхит зборуваа за него од вратарите до високите функционери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сето тоа го прави овој роман достоен за највисока книжевна и културна почит од меѓународни размери.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Живиот за живиот немал почит, исламскиот полумесец стоел високо над крстот како гола сабја со крвави рабови, крстот бил натопен со отров.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во паркот на еден од нејзините имоти во Унгарија, мадам Ердеди подигнала храм во чест на Бетовен, чиј влез е украсен со карактеристичен натпис кој ја изразува нејзината почит кон големиот композитор.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Бетовен навистина имал изгубено брат доенче, дваесет и три години пред овој настан, но малку е веројатно дека вака задоцнето му оддавал почит.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Додека минеа така заедно сите се потргнуваа да им направат пат, со почит ги поздравуваа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговиот однос кон оние од повисок ранг се карактеризирал со почит и понизност, и веројатно од Бетовен очекувал сличен однос кон себе.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со голема почит и совест се однесуваме кон сите историско - културни знаменитости - што се гордост не само за Крушево, туку за цела Македонија, и за сите Македонци во дијаспората.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но се разбира оваа пропорција претпоставува силна институција, со цврсти внатрешни канони на почит на автономните дејства на дипломатската мисија, каде што политичките упливи на извршната власт се строго нормирани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа, принцот бил потпомогнат од својата сопруга, која ги споделувала со него восхитот и чудесната почит што толку високо надарени луѓе биле способни да му ги укажат на еден гениј.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Можеби дојде само од почит.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе