правичен прид.

правичен (прид.)

Му пресуди на агрономот и го плати тоа со ново страдање не толку од љубов кон мене, туку затоа што е правичен човек и се плашел дека правдата нема да го стигне агрономот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Секое лице може да поднесе претставка до Народниот правобранител кога ќе оцени дека му се повредени уставните и законските права или кога се повредени начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До будалштилак беше правичен и треба тоа да му ја донесе неволјата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаквоста е најважен дел на правичноста!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прилепскиот затвор се одликуваше со својата строга дисциплина но и правичност.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој гледа дека правичноста може понекогаш да уроди со суровост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дедо Стефан беше еден намќор човек: никогаш не знаеше да се насмее и секој збор го изговараше налутено, гледајќи те попреку. Но правничен и добар човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со најновиот позитивен развој на настаните, Јакшиќ се надева дека сега ќе се повтори граѓанската постапка 11 и дека овој пат правичноста конечно ќе победи, а тој ќе биде во состојба да ги подмири долговите кон своите роднини и пријатели кои ги создаде овие години за да го спаси видот на едното око, а и да добие средства за да може да отиде на операција за, со помош на трансплантација на рожница, да го поврати видот на окото и како порано да биде нормално способна личност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во овој случај се покажа дека иако судот не донесе одлука, целата постапка ја водеше законски и правично.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањето содржи: – податоци за подносителот на барањето и правниот застапник, – податоци за предметот и постапката за која странката смета дека ја сторила повредата на правото за судење во разумен рок, – образложение на причините за наводно сторената повреда на правото за судење во разумен рок; – изјава за побарување на правичен надомест и –  потпис на подносителот на барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Кој сум, ќе видиш сега. Гледај сега, правичен Шабтај“, рече гласот на латински јазикот кој скромниот битолски метлар пак одлично го разбра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Никому нема да му ја продаваме, никого нема да го одбиеме и за никој нема да се двоумиме да ја пружиме –  правдата и правичноста. (Заклетва за должноста судија) Луцидната и прониклива римска идеја-водилка за примарното значење на тужбата како средство со кое се стигнува до целта, спомената во воведот на книгава, ќе ја споменеме и на крајов –  бидејќи таа, за среќа, повторно воскресна во правните научни кругови кон крајот на XIX век, под влијание на англо- саксонската и американската правна традиција, во правецот на познатите т.н. правни реалисти. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Срипувам од креветот како попарен, правам сплет шпаги, набрзина мијам заби со четка за нокти, ставам гас-маска за да оставам подобар впечаток, те со растреперени раце кревам слушалка и со милозвучен и правичен глас велам „Ало?“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ако Врховниот суд утврди повреда на правото за судење во разумен рок со решението ќе определи рок во којшто судот, пред кого постапката е во тек, мора да одлучи за правото, обврската или кривичната одговорност на подносителот на барањето и ќе досуди правичен надоместок за поднесителот на барањето заради повреда на неговото право за судење во разумен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Свесен е дека сега повеќе би сакал да беше отстапил во овој еден случај, макар колку и нерадо, од својот правичен принцип.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зборувајќи за седумгодишното дете, истовремено јас зборувам за народот, - за нерасипаниот правичен слух на дивјакот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Знаеше дека сега ја почувствува слободата на природниот дух кој го водеше низ животот, по патот на правичноста, слогата и простувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Професорката Анета, строга и правична, ме научи на истрајност, точност, одговорност...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во постапката Народниот правобранител може да се повика и на начелото на правичност (чл. 3, ЗНП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе