превлада св.

превлада (св.)

Она што ќе превладее е таа волја за редуцирање на светот до точка во која Еден може да го има.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа, превладуваа мислењата да не се претерува со козјото прашање, зашто тоа можело да биде и идеја на Сталина!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во епохата на револуцијата, употребата на странските зборови добро вклопени во рускиот јазик се сметаше за едно од главните обележја на јазичната слобода којашто спонтано се наложуваше, се создаваа редица неологизми, превладуваше плакетарскиот и телеграфски стил, се создаваше своевиден пролетерски израз на јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот на драмата, абнормалноста е превладеана и вие му се враќате на нормалното: моралното правило е обновено.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Превладеа одлуката според инерцијата: нека биде што ќе биде!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но поради фактот што обајцата беа родени во времето на оваа империја, и годините на детството и младоста ги поминаа во времето на Империјата, како сведоци на нејзиниот крај, не можеа да не дејствуваат во борбите да не превладее реваншизмот и да не започне војна против сите вредности, меѓу кои, не малку од нив беа влеани во нивните архетипови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)