превласт (ж.)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И дипломатите се ослободија од притисокот на сарајските борби за превласт, особено на бројните претенденти од опкружувањето на несреќниот владетел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книги замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесување погрешни идеи, често накалемувани во иднината и народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сега конзервативците имаа доказ и потврда за последнава од своите пронигби – тлоцртот за хомосексуалната превласт над светот, самиот план на походот – ене го таму, на прост англиски.
Добро, барем насловот беше на прост англиски.
Описот на предметот, всушност, воопшто не кажуваше ништо за никакво преобратување на студентите хетеросексуалци во хомосексуалноста.2
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не ние, народот го одби јазикот
со години што го правевме
во име на власта и превласта
да се разликува простото од ученото
сочното од сувопарното
да биде непрескоклив јазот
меѓу Дворот и рајата
меѓу зборот и животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сега тој е во нејзина превласт; впрочем, не знаејќи дека писмото не е кај него, тој ќе продолжи со своите уцени како сѐ уште да го поседува.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во него се мешаа безброј чувства, го кинеа, риеја по неговиот мозок, се бореа меѓусебно за превласт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не само тоа, туку и другите нововековни непријателства околу превласта на двете држави над просторите на Медитеранот, една од одмаздите на италијанските окупаторски сили на островот, се случи токму врз митрополитот на Закинтос, владиката Хрисостом, виден духовник, интелектуалец, но и човек чија смелост го одржуваше достоинството и надежта на населението.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)