предничи (несв.)
Кај Милева ми врвеше, орман ми се одзиваше.` За забележуење е дека младината предничи во воспевуењето на доскорешната борба и луѓето што таа ги исфрли од народните недра на згорнина. На собори, на работа, во домоите на културата, на празници средсело - младинците колективно создаваат нови песни.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Традицијата му претходи и предничи пред неговото размислување: тој ѝ припаѓа повеќе отколку што е сопствен господар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)