предупреди (св.)
Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави – ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со свои сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Авторот тука предупредува на големата комплексност на човековите вештини поврзани со сетилното осознавање и просторната ориентација, кои што зад себе имаат долг развоен пат и недвојбено е потешко машински да се симулираат како некои рационални операции, кои што, така вели Moravec, течат и во оние делови на мозокот, кои што не се посебно високо организирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Иако беше предупреден дека првиот што ќе стапи на тројанското тло ќе биде веднаш убиен, синот Лаертов прв скокна од бродот, но прво на својот штит којшто пред тоа го фрли на брегот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Ако некој те видел, - го предупредував, - ќе биде страшно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Само по себе ова е ситно посочување, јас го чинам само затоа што сакам да ги предупредам за четврт час сите други истакнати луѓе, чиј што живот со зачудувачка едноличност се опишува задолжително од моментот на раѓањето. Ете, тоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На секои 15 минути „Радио Париз“ дава специјални соопштенија за возачите, преку кое ги предупредува како да се движат доколку некоја улица е затестена поради сообраќајна несреќа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас
кога народот ја претчувствува
мемлата во говорот, офтиката
несомнено насетува неслобода
осој, таму кајшто треба да припекува
слободата на зборот и мислата
сласта на грлото кога го испушта
гласот милозвучен
ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот
во него е сѐ она што по којзнае кој пат било
не само овде и не само во нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Одвреме-време проговорува, го предупредува големиот син да ја тргне чорапата од близината на огнот оти почнува да смрди на скрумовина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Планерите во Министерството за надворешни работи од 1943 година започнале да ги предупредуваат воените планери и СОЕ дека е потребно да се размислува и за повоените британски интереси.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ве предупредуваме дека извештаите без точни податоци за името, презимето, датум на раѓањето точна адреса и националноста, не ќе се земаат во предвид.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
За да се предупредат жртвите од едно секадешно востание, се изработи февруарскиот руско-австриски проект за реформи, вистина не совршен, но со договор оти тој ќе биде постепено раширен.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но притоа сепак ја предупредив дека треба да внимаваме и дека не смееме ништо да преземаме ако немаме отркриено какви се намерите на Пачев?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во меѓувреме, другата стјуардеса ги извести патниците за слетувањето и ги предупреди да ги врзат коланите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не можеше да му го сретне погледот. Да го предупреди. Тој беше во голем занес.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Изгледаше како да поседуваат некој инстинкт кој ги предупредуваше неколку секунди порано дека наближува ракета, иако ракетите патуваа наводно побрзо од звукот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Солунските весници предупредуваат: ,По ден-два ќе се крене Комунистичкото востание за автономија на Македонија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сакав да ја смирам, да ја предупредам дека јас сум сигурно во првата третина ученици која ќе го помине класот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)